Шпанија: Пезети во вредност од 1,6 милијарди евра останале незаменети

Од:

Заборавени во фиоки, изгубени на плажа или складирани во албуми на носталгичните колекционери, Шпанците сѐ уште имаат пезети во вредност од 1,6 милијарди евра, речиси 20 години откако таа земја го претстави еврото како своја официјална валута, објави Шпанската централна банка.

Шпанците имаа рок до 30 јуни 2021 година да разменат пезети за евра, ако не го сториле тоа по 1 јануари 2002, кога еврото беше воведено. Но, два месеци по истекот на рокот, властите проценија дека ширум Шпанија сѐ уште има пезети во банкноти еднакви на 793 милиони евра и монети во вредност од 782 милиони евра.

Овие пари би можеле да го покријат планираното проширување на аеродромот во Мадрид, или пак, деветпати да го исплатат фудбалскиот напаѓач Килијан Мбапе, кого Реал Мадрид сака да го купи од француски ПСЖ.

Би можело да ве интересира

Истражување: Денешните деца ќе преживеат поголеми природни катастрофи во споредба со нивните дедовци

Ана Ололовска

Џесика Рабит добива нов, политички коректен лик

Ана Ололовска

Сестри со по 107 години – најстарите близначки во светот

Ана Ололовска

Италијанец запомни број од 630 цифри

Ана Ололовска

Авион принудно слетал во Австрија, оти патник „заглавил“ в тоалет

Ана Ололовска

САД: Нов рекорд во брзо туркање спортска детска количка

Ана Ололовска