Шон Пен одбива да продолжи со снимање на серија доколку целата екипа не се вакцинира

Од:

Познатиот американски актер, оскаровецот Шон Пен, соопшти дека одбива да се врати на снимањето на серијата „Gaslit“, доколку неговите колег-актери и целата останата екипа на телевизискиот проект, не се вакцинира.

Според 60-годишниот Пен, причината за ваквата одлука лежи во зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот во Лос Анџелес, што според него би требало да ги поттикне актерите да ја сфатат важноста на колективниот имунитет и да ја примат вакцината против Ковид-19. Тој исто така вели дека не е задоволен од барањата поврзани со вакцинацијата кои ги поставила продукцијата која ја подготвува серијата, НБЦУниверсал.

Во Лос Анџелес властите ја вратија мерката за задолжително носење маски во затворени простори, токму поради растот на бројот на нови случаи.

Славниот актер во сооопштението додаде дека неговата организација „CORE“ ќе им обезбеди бесплатни вакцини на сите членови на екипата на серијата кои ќе сакаат да се имунизираат.

Би можело да ве интересира

Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата

Горан Наумовски

Невакцинирани деца не би требало да се вратат во градинка вели новиот министер за здравство

Манолева: Пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време

Над 3.600 деца вакцинирани или им е закажан термин преку кампањата „Од врата до врата“

Над 50.000 граѓани примиле вакцина против сезонски грип

За вакцинација против сезонски грип досега пријавени 58.012 граѓани, вакцинирани над 29.000