Шинејд О’Конор рече дека оди во пензија, ама пак се пишмани

Од:

Познатата и контроверзна ирска пејачка, Шинејд О’Конор, изјави дека нема намера да се повлекува од музичката сцена, само два дена откако објави дека оди во пензија.

54-годишната пејачка неделава објави дека целосно се повлекува од музичката индустрија, како и дека нејзиниот претстоен албум “No Veteran Dies Alone” ќе ѝ биде последниот и нема да оди на турнеја за да го промовира.

Но, само два дена подоцна, О’Конор на Твитер напиша дека нема ништо од пензионирањето, како и дека претходната изјава за повлекувањето ја дала во афект, поради злонамерните новинарски прашања.

„Во еден момент им дозволив на свињите со црвен кармин да ми влезат во главата“, напиша пејачката, позната по чудното однесување, која во текот на кариерата повеќепати најавуваше дека си оди од музиката, но никогаш не го стори тоа.

„Сите новинари ги замолувам да бидат внимателни и да не ме прашуваат за злоставувањето во детството или да копаат по проблемите со менталното здравје, затоа што за мене е трауматично повторно да размислувам за тоа. Секојпат кога сакам да издадам албум, веќе триесет години, ги поставуваат истите прашања, воглавно – зар ти не си болна?“, напиша О’Конор.

Пејачката, сепак, вели дека поради љубовта и поддршката од фановите и соработниците кои ги добила изминатите денови, нема да ги откаже гостувањата планирани до крајот на 2022 година.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски