Шестоодделенка е најмлад уметник за тетоважи во Сингапур

Од:

Ученичка од шесто одделение основно училиште стана најмладиот уметник за тетоважи во Сингапур, објавија лоакалните медиуми, додавајќи дека таа истетовирала 12 луѓе изминатава година.

Лилит Сијо уметноста ја научила од својот татко Џозеф кој води тату-бизнис во Хаџи Лејн веќе 20 години.

Дванаесетгодишната Лилит, своите викенди, празници и училишни распусти ги поминувала на тату-часови што ги држел татко ѝ. Таа се стекнала со вештина за само шест месеци.

Нејзиниот прв клиент бил пријател на татко ѝ кој сакал тетоважа со цртан лик. Лилит признава дека на почетокот била нервозна и дека ѝ биле потребни 90 минути за да ја заврши тетоважата.

„На почетокот бев уплашена. Може да избришете цртеж ако згрешите. Но, откако ќе се постави тетоважа, тоа останува засекогаш,“ вели таа.

Би можело да ве интересира

Отворен повик за млади уметници на „Инкубатор“ програмата за култура

Ана Ололовска

ВИДЕО: Уметник со посебни потреби црта со својата уста за да му помогне финансиски на локалниот музеј

А1он

Уметничко дело на сликарот Хокни продадено за 29 милиони долари во Лондон

А1он

ВИДЕО: Аргентински уметник собори шест светски рекорди

Драган Поповски

Женските уметнички дела претставуваат „мека порнографија за елитите“, тврди Мери Бирд

А1он

Уметникот Глигор Стефанов подари 21 дело на Музејот на современата уметност

Ана Ололовска