Шарлот Кирк: Добивав улоги преку кревет, оти така сакав

Од:

Британската глумица Шарлот Кирк признава дека добила повеќе улоги „преку кревет“, но затоа што таа така сакала.

Џејмс Пакер, милијардер и поранешнo мoмчe на Мараја Кери, во една прилика ѝ испратил на Шарлот СМС порака со содржина: „Дојди веднаш во хотелот „Бел ер“. Имам животна прилика за тебе, нема да можеш никогаш да му се оддолжиш. Ќе те запознаам со најважниот човек кој некогаш би го сретнала“.

Шарлот тогаш имала 21 година, и веднаш дошла во хотелот каде се сретнала со Кевин Цуџихара, челникот на студиото „Ворнер брос”. Таму два часа била на „кауч кастингот”, пишува „Дејли мејл”.

Цуџихара сега е под истрага за тој скандал, и мораше јавно да им се извини на вработените, сопругата и на целата индустрија. Во текот на процесот објавени се и негови преписки.

Шарлот, пак, го брани својот пријател и вели дека неколкупати била со него, бидејќи така сакала. На тој начин на „соработка”, преку секс таа ги добила улогите во филмовите „Човек во сенка”, „Оушновите 8″ и други.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Алек Болдвин ќе добие уште една ќерка

Ана Ололовска

Џенифер Лопез повторно прекрасна како невеста

Ана Ололовска

ВИДЕО: Лејди Гага падна од сцената

Ана Ололовска

Познатиот холивудски „секс-стројник“ почина на 96 години

Ана Ололовска

Нови обвиненија за сексуално злоставување против Куба Гудинг-џуниор

Ана Ололовска

Почина тригодишната ќерка на глумецот Мигел Сервантес

Ана Ололовска