Шарлиз Терон и Хелен Мирен ќе ги повторат улогите во „Брзи и бесни 9“

Од:

Шарлиз Терон и Хелен Мирен ќе ги повторат своите улоги во „Брзи и бесни 9“, објави на Инстаграм глумецот Вин Дизел, главниот протагонист од претходните осум дела од приказната.

И двете се појавија во осмиот филм од серијалот пред две години – Терон како главната негативка, кибертерористката Сајфер, а Мирен како мајката на ликот на Џејсон Стејтам, терорист кој „премина на праведната страна“.

Двејн Џонсон и Стејтам, односно „Хобс и Шо“, „се одметнаа“ од тимот и снимија свое спин-оф продолжение на сагата, па најверојатно нема да ги видиме во „Брзи и бесни 9“. Ликот на Мирен – Магделен Шо е дел и од „Хобс и Шо“.

Деветтиот филм од серијалот „Брзи и бесни“ својата премиера ќе ја има во мај 2020 година.

Би можело да ве интересира

Доли Партон е горда на својот младешки изглед

Ана Ололовска

Почина актерот Роберт Форстер

Болт вмешан во масовна тепачка во ноќен клуб

Роберт де Ниро обвинет за полова дискриминација

Ана Ололовска

Џенифер Лопез се надева на Оскарот годинава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ариел Винтер повторно ја покажа својата одлична форма

Ана Ололовска