Шарли Хебдо ќе објави „халал“ стрип за животот на Мухамед

Од:

Сатиричниот-хумористичен неделник „Шарли Хебдо“ се подготвува да објави в среда вонсериско издание посветено на „Животот на Мухамед“, соопшти директорот на неделникот Шарб, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според директорот на „Шарли Хебдо“, не станува збор ниту за карикатури, ниту за сатира, туку за приказна втемелена на биографски податоци, тврди во предговорот на стрипот Зинеб – која е претставена како млада жена – социолог за религиите со француско-мароканско потекло, која заедно со Шарб (илустратор) се автори на стрипот.

„Тоа е дозволена биографија од исламот, бидејќи таа е напишана од муслимани. Тоа е збирка на текстови кои се напишани за животот на Мухамед од муслимански хроничари и ние само ја поставивме во слики“ – нагласува Шарб кој се брани дека станува збор за нова провокација.

„Не мислам дека и најучениот од муслиманите ќе може да ни забележи нешто за содржината“ – вели Шарб, чиј неделник на повеќепати провоцираше и предизвика бранувања со објавување на карикатури на Мухамед.

„За идејата за книгата мислам од пред 2006 година, за време на карикатурите на Мухамед во Данска. Мислам дека се зафативме со личноста на погрешен начин, поставувајќи на сцена личност чиј живот не го познаваме“, признава Шарб.

„Пред да се смееме со личност, подобро е да се запознаеме со неа, исто како што го познавме животот на Исус, ние не знаеме ништо за тој на Мухамед“.

Околу критиките за претставувањето на Пророкот „Тоа е само традиција, апсолутно не е напишано во Коранот дека не семее да се претставува. Од моментот кога не се исмева Мухамед, не гледам зошто не можеме да ја читаме оваа книга како што ги читаме тие за ќивотот на Исусу“ – објаснува Шарб.

„Книгата е совршено халал, исто како и сликата, тоа е мој цртеж. Го нацртав Мухамед како што вообичаено ги цртам моите личности, Мухамед беше човек, го нацртав како човек“ – нагласува Шарб.

Во ноември 2011 година по објавувањето на специјалниот број на Шарли Хебдо во кој беа објавени карикатури на Мухамед, просториите на неделникот беа запалени, интерент порталот беше хакиран и Шарб доби закани со смрт.

Шарб оттогаш живее под полициска заштита. Карикатурите објавени во Шарли Хебдо прњдизвикаа сериозни критики во бројни муслимански земји в светот, а реагираше и француската влада.

Најновиот потег на Шарли Хебдо е различен, но неговиот уредник не очекува да тоа им се допадне на сите.

 „Ако луѓето очекуваат да бидат шокирани, тие ќе бидат шокирани. Мусламинаните се подготвени да се потсмеваат со самите себе си, ако започнеме да ги сметаме за хендикепирани од смеата, не ја играме играта на смирениот ислам, ја играме играта на екстремистите. Потребно е да прекинеме да стравуваме, колку повеќе се плашиме од исламот, толку повеќе исламот ќе застрашува“ – завршува Шарб.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ