Северина и Милан конечно ќе се сретнат

Од:

Според информациите на српските портали на 14. септември Северина треба да одржи концерт во „Грожѓенбал“ во Вршац, подарок од нејзе и нејзиниот сопруг Милан на градот.

Барем така било планирано, но сега сепак градот ќе мора да плати за услугите на славната пејачка.

„Северина и Милан по расправијата зборуваат само за детето, а таа сите обврски околу организирањето на концертот во Вршац му ги оставила на својот менаџер. Како ште е планирано, таа ќе настапи втората вечер, но од градот сега било побарано да плати за нејзиниот настап дури 20.000 евра“, вели изворот за српски „Курир“.

Северина им вети концерт на граѓаните на Вршац уште минатата година, но тој беше откажан поради нејзината бременост.

Иако пејачката ги прекина сите односи со својот сопруг, сепак тие ќе се сретнат на концертот, заедно со нејзиниот братучед кој се обидува да ги смири.

За причините се уште се шпекулира, но се претпоставува дека најголем проблем било променливото однесување на Милан.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски