Популарната пеачка Северина не сака да го види, ниту да слушне за таткото на својот син, биснисменот Милан Поповиќ.
Таа си ги спакувала своите работи и заедно со детето заминала кај својата мајка во Сплит, а потоа отпатувала за Загреб.
„Kараниците се дел од нивниот секојдневен живот. Но, ситуацијата стана неподнослива. Беа кажани многу тешки зборови од двете страни, па Северина си ги собрала своите и работите на бебето и го оставила Милан. Тој е свесен дека таа не сака да слушне за него и не се ни обидува да го спречи крајот на нивната врска“, изјавила пријателка на пеачката.
Ниту Северина, ниту Милан не одговараат на телефонските повици. Дури и менаџерот на Северина, Томица Петровиќ, не крева слушалка, иако е познат по тоа што секогаш кога станува збор за неговата работа со душа чека да каже нешто.