Сестрата на Амбер Хард: Ја советував да не се мажи со Џони Деп

Од:

Во случајот на Џони Деп против британското списание „Сан“, беше прочитано писмено сведочење на Витни Хенрикез – сестра на Амбер Хард, поранешната сопруга на глумецот која тврди дека тој ја тепал пред и во бракот.

Хенрикез вели дека, отпрво Деп, изненадувачки, многу ѝ се допаднал, „станале како брат и сестра“, па и почнал да ја вика „сестричка“…

„На почетокот не бев свесна за насилството, но се сеќавам дека Амбер зборуваше за нивните големи расправии, па почнав да се загрижувам за сестра ми. Амбер ми кажа дека тие понекогаш се расправале [вербално] со денови – а потоа со денови и не зборувале еден со друг“, се вели во сведоштвото, како што пренесува Би-би-си.

Потоа Хенрикез вели дека била против тој брак, оти насилството го имало и претходно.

„Тоа што тој [Деп] ќе ти стави прстен на раката, нема да му стави крај на насилството“, ѝ рекла таа на сестра сѝ.

Во фокусот на тужбата е напис објавен на интернет-страницата на „Сан“ во април 2018 година под наслов „Несовесно: Како може Џ.К. Роулинг да биде ’доста среќна‘ со најмувањето на сопруготепачот Џони Деп во новиот филм ’Фантастични ѕверки‘?“ (Gone Potty: How can JK Rowling be ‘genuinely happy’ casting wife beater Johnny Depp in the new Fantastic Beasts film?”).

Претходно во своето сведочење, Амбер Хард читаше електронски пораки до својата мајка, каде што говори за малтретирањето од Деп.

„Тој целосно ’одлепи’, мамо. Насилен е и луд. Ми се крши срцето зашто ова е тој што го сакам!“, вели Амбер во една од пораките.

Таа во сведочењето пред Судот, неколкупати истакна дека останувала со него не само затоа што била вљубена, туку и се надевала дека така тој „ќе се исчисти” од зависностите. Луѓето околу него, негови блиски и соработниците ѝ велеле дека тој ќе се промени, оти таа го мотивира и му помага да „се исчисти”.

Одговарајќи на обвинувањата дека таа била насилникот, прашана од адвокатите дали и таа го удрила, Амбер рече дека го сторила тоа во самоодбрана, односно понекогаш ја губела смиреноста пред вербалните закани и нападите од Деп.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска