Секој четврти ресторан во Словенија не ги исполнува стандардите за безбедна храна

Од:

Инспекторите на словенечката Управа за безбедност на храната, во засилени контроли кои почнаа летово, а траеја до ноември, констатираа дека една четвртина од речиси илјада контролирани ресторани и угостителски објекти, не ги исполнува стандардите за безбедност на храната.

Според резултатите кои ги објави „Поп-ТВ“, контрола била спроведена во 951 ресторан, од кои дури на 239 им биле издадени службени опомени, а 28 поради констатираните големи неправилности биле привремено затворени. Во пракса тоа значи дека овие субјекти, доколку сакаат повторно да ги отворат објектите, ќе треба прво да ги отстранат нерегуларностите.

Најчести забелешки инспекторите имаа за нечистите ладилници, кујнски прибор и тоалети, а голем проблем е и тоа што е пронајдена и недекларирана храна. Дополнително запленета е и храна со истечен рок, која се подготвувала и продавала на гостите. Во јавноста е објавена и интерактивна мапа, на која граѓаните можат да видат точно во кој угостителски објект се констатирани неправилности и какви се тие.

Сепак, според статистиката на словенечката Управа за безбедност на храната, овие резултати се подобри од минатогодишните кога се откриени уште поголем број ресторани кои не ги почитувале строгите стандарди за безбедност на храната.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски