Секој Чех минатата година испил речиси 300 литри пиво

Од:

Просечната потрошувачка на пиво во Чешка минатата година бележи стагнација и секој чешки граѓанин во просек испил 288 литри пиво, соопшти Чешкиот сојуз на производители на пиво и слад.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, и покрај намалената конзумација на пиво сепак Чесите не го губат приматот на светски прваци во потрошувачка на овој пијалак.

Изнанадувачки е што на второ место се Австријците со потрошувачка од 108 литри по жител, пред Германија каде секој граѓанин во просек испил 107 литри пиво.

Податоците покажуваат дека Чесите повеќе сакаат да пијат пиво од ПЕТ-пластична амбалажа и од лименки отколку од стаклено шише.

Интересот за новитетите кои се појавија во 2012 година, познати како мешавина од овошни пива наоѓаат се повеќе приврзаници во земјата.

Поради покачувањето на цената на пивото во рестораните и баровите во последните години, меѓу чешките граѓани забележлива е зголемената потрошувачка на пивото кое се пие во домашни услови. Кога се работи за оваа индустрија, статистиката покажува дека пиварниците, лани од даноците на државата и донеле придонес од даноците во висина од 450 милиони евра. с

Би можело да ве интересира

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

Орце Костов

Нема извоз на германско пиво за Русија, голем проблем за пиварниците од Баварија

Пиварите од Баварија речиси и не испорачуваат пиво во Русија

А1он

СКОПСКО SMOOTH ЈА ЛАНСИРАШЕ Smooth ON – Свежа музика на само клик од тебe

Горан Наумовски

„Експензивити“: Македонците трошат 260 евра годишно на пиво

Ана Ололовска

Трагедија во Германија – пиво вредно милиони евра пропадна поради корона-кризата

Жарко Настоски