Се запали новогодишната елка на плоштадот во Киев

Од:

Главната новогодишна елка на плоштадот Софија во Киев се запали за време на свечената церемонија на палење на декоративните светилки, пренесуваат локалните медиуми. Според соопштението на Државната служба за вонредни ситуации, пожарот бил брзо изгаснат.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат голем пламен како и облак чад кој се издига над елката.

Пожарот избил откако почнала почесната стрелба, при што еден од истрелите бил насочен кон земја, наместо кон небо. Прво се запалила декоративната панделка на елката, а потоа огнот се проширил.

Никој од присутните не е повреден.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар