Следната година во Атланта ќе почне снимањето на филмот за животот на раперот Тупак Шакур, соопшти продуцентската куќа „Морган Крик“.
Раперот беше убиен во 1996 година во Лас Вегас. Неговото убиство никогаш не е решено, и ден денес се смета за едно од водечките во теориите на заговор.
Филмот ќе го продуцира мајката на раперот, Афени Шакур. Името на режисерот и на главниот актер не се познати.