Се снима филм за Тома Здравковиќ

Од:

По повеќе од една година подготовка на сценариото и огромното внимание што беше посветено при изборот на глумците, овој викенд започнува снимањето на биографскиот филм за славниот покоен српски пејач Тома Здравковиќ.

Продуцентите Жељко Јоксимовиќ и Драган Бјелогрлиќ решија главната улога да му ја доверат на Милан Мариќ, додека Тамара Драгичевиќ ќе ја толкува Силвана Арменулиќ. Сценариото е напишано од Никола Пејаковиќ и Драган Бјелогрлиќ, а режисерската палка му е доделена на Зоран Лисинац, кој веќе десетлетие работи во САД.

Во другите улоги се појавуваат Петар Бенчина, Андрија Кузмановиќ, Мирјана Карановиќ, Слободан Бода Нинковиќ, Марко Јанкетиќ, Иван Зекиќ и други.

– Тома Здравковиќ беше нарекуван „поет на тагата“. Тој пееше од срце, и за душа. Сите го сакаа. Дури и оние што не слушаат народна музика го сакаа и слушаа Тома. Дури и денес, 30 години по неговата смрт, неговите песни се слушаат и се нарачуваат во кафеаните. Исто така, тие се пеат и нарачуваат и од оние кои не знаат кој бил Тома!, вели Бјелогрлиќ.

Тој нагласи оти посебно внимание ќе се посвети на музиката, за која живеел Здравковиќ.

– Треба да размислиме на што ќе се сеќаваме од животот. Овој филм е за тоа, истакна Јоксимовиќ.

Тома Здравковиќ е роден 1938 година, а почина на 30 септември 1991 година.

Премиерата на „Тома“ е предвидена за почетокот на следната 2021 година.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето