Се повеќе луѓе измислуваат лажни одмори, луксуз и сјај

Од:

Не сте биле на одмор ако за тоа не се пофалите на социјалните мрежи.

Новото истражување покажува дека се поголем број на луѓе лажат не само за тоа каде биле на одмор туку и дека воопшто биле на патување, а во тоа најголема предност имаат американците.

За да прикажат нереална слика за добра финансиска состојба, луѓето одат чекор понатаму и во голем број случаи користат Фотошоп.

Од 4000 испитаници дури две третини признале дека излажале за тоа дали и каде патувале, за квалитетот на сместувањето и цените. 27 oтсто од испитаниците воопшто не патувале надвор од земјата а 61 отсто претерувале во деталите кога е во прашање вистината.

Под влијание на социјалните медиуми луѓето имаат потреба да се докажуваат пред другите.

Според истражувањето 68 отсто од испитаниците рекле дека лажеле за искуствата додавајки детали и бели лаги, а 52 отсто дека никогаш не би признале дека не уживале на некое патување.

Она што најмногу изненадува е дека 10 отсто од нив признале дека на социјалните мрежи објавувале лажни фотографии за да ги поткрепат лагите што ги кажале, а признале дека го направиле тоа за да ги импресионираат своите пријатели.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Чудо на природа што може да се види само во посебни денови – „Црвената Река“ во Перу

Ана Ололовска

Дубровник практично забранува отворање нови ресторани

Ана Ололовска

За сендвичи и сок туристи во Рим платиле 119 евра, им го наплатиле и приборот за јадење

Ана Ололовска

Жена се изгуби на отворено море: Животот и го спасиле слатки и пластични кеси

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Во Етиопија се наоѓа „најмртвото“ место на Земјата

Ана Ололовска

Кинеската покраина Хебеј ги затвора стаклените мостови

Ана Ололовска