Се колнам себеси кога ќе се видам во огледало, вели Шварценегер

Од:

Како и милиони луѓе ширум светот, и некогашниот Мистер Универзум, Арнолд Шварценегер, има проблем да ја контролира телесната тежина во време на пандемија.

„Се здебелив пет килограми. На онлајн состаноците носам темна облека и се чувствувам добро, но кога навечер ќе се погледнам во огледало, го гледам стомакот и се колнам: Арнолд, имаш освоено 13 титули во бодибилдинг. Гинисовата книга те опиша како најсовршениот човек во историјата. Што се случи со „плочките“? Што се случува? Ова е депресивно,“ напиша популарниот актер и политичар на Инстаграм.

Иако има 73 години и неодамна правеше операција на срцето, тој не мисли дека ова е оправдување. Одлучил да се зафати со предизвик и до крајот на месецот да се спушти на 99 килограми. Шварценегер ги повика и своите следачи да си поставуваат цели на самите себеси.

„Сите доживуваме неуспеси, но тие не се трајни. То го можеш тоа,“ напиша тој и најави дека ќе почне да издава билтен во кој ќе дава совети за здрава исхрана, правилен тренинг и позитивни мисли за време на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска