Се избраа победниците на јубилејниот Trash Fashion Macedonia

Од:

Во Младинскиот Културен Центар  се одржа шестиот по ред „Trash Fashion Macedonia2016 натпревар на модни креации направени со редизајнирани материјали од отпад, кои ги изработија тимови од 38 средни училишта во Македонија.

Училиштата на сцената со настапи од по 60 секунди се претставија со модни креации на тема „Филмски и цртани ликови“ меѓу кои Ѕвончици, Пепелашки, Спајдермен, Ѓаволот носи Прада, Малефисиенти и многу други изработени од различни видови отпад: пластични кеси, хартија, жици, старо компјутерско столче.

Годинава, тричленото жири во состав: Бранислава Јанковска, Катарина Ивановска – светски познатата манекенка и Бојан Трајковски – фронтменот на музичката група “Eye Cue”  ги избраа првите три места:

Прво место за тимот од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје, со креацијата наречена „She-Edward“ изработена од копчиња од тастатури, најлонски јажиња, патенти и кабли. Второ место од училиштето ДУЦОР “Партенија Зографски”од Скопје, со креацијата „Мајкл Џексон“ изработена од најлон, картон, селотејп, изолир траки, хартија. Третото место отиде во рацете на СОУ „Наум Наумовски – Борче“ од Крушево кои се претставија со креацијата „Кралица Елизабета“ изработена од отворачи за лименки, пластични кеси, хартија и жица. Наградниот фонд го обезбедија Божиновски и Еуро-Екопак ДОО кои доделија вредносни ваучери на победничките тимови.

„Trash Fashion Macedonia“ 2016 е во организација на „Здружението на граѓани ОХО,“ и e дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,“ а се оддржува по повод 5-ти jуни – Светскиот ден на животната средина и е единствен настан во регионот од ваков вид.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло