Се исуши дрвото на пријателството на Трамп и Макрон во Вашингтон

Од:

Дрвото на пријателството на американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот, Емануел Макрон, се исуши по нешто повеќе од една година откако тие го засадија во Вашингтон.

Францускиот претседател за време на државната посета на Вашингтон во април минатата година, му даде млад даб на американскиот претседател. Фотографиите од моментот кога двајцата политичари го засадија дрвцето со златни лопати, додека нивните сопруги гледаат, беа апсолутен хит на интернет.

Макрон тогаш рече дека дрвото и неговото потекло ќе бидат симбол во Белата куќа за традиционално добри односи меѓу двете држави.

Меѓутоа, неколку дена подоцна, дрвото беше преместено, оти, како и сите други живи организми увезени во САД, морало да мине низ карантин.

Една година потоа, тоа се исуши…

Интересно е тоа што сушењето на стеблото се одвиваше паралелно со континуираното влошување на односите меѓу двајцата претседатели. Трамп и Макрон се појавија минатата седмица со свои говори на одбележувањето на 75-годишнината од Денот Д во Франција.

На свеченоста ѝ претходеа низа несогласувања меѓу нив по прашањата околу трговијата и иранскиот нуклеарен договор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Џонсон ја крена ногата на маса додека разговараше со Макрон

Анкета: Повеќе од половина од Американците незадоволни од политиката на Трамп

Макрон викендов ќе биде домаќин на Г7

Ана Ололовска

Доналд Трамп стана дедо по десетти пат

Трамп против соработката со Хуавеј, дури и ако се укине забраната

Ана Ололовска

Работници од Пенсилванија условени да се појават на митинг на Трамп или да не добијат плата

Татјана Ташкова