Се ближи крајот на „Симпсонови“?

Од:

Популарната анимирана серија „Симпсонови“ би можела да заврши наскоро, откри Дани Елфман, композиторот на познатата најавна песна.

„Па, од она што го слушнав, се ближи крајот“, рече тој, пренесува „Индипендент“, додавајќи дека истото го слушнал минатата година.

Елфман призна дека не очекувал оваа анимирана серија, која на 17 декември ќе одбележи цели три децении на емитување, да се одржи на малите екрани толку долго.

Успехот на шоуто тој го нарече „едно од наистина големите изненадувања во мојот живот“.

Симпсонови, кои ги осздраде Мет Гронинг, првпат беа емитувани во 1989 година а неодамна ја започнаа 31та сезона.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он