Санчез: Шпанија може да стане „европски Холивуд“

Од:

Шпанската Влада има намера земјата да ја претвори во „европски Холивуд“, најави премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез, за време на посетата во Лос Анџелес, САД.

– Ние се стремиме да станеме, ако дозволите така да споредам – европски Холивуд. Информативно-забавните платформи станаа прозорец преку кој милиони луѓе гледаат кон новата реалност, изјави Санчез.

Премиерот се состана со претставници на „Нетфликс“, „ХБО“, „Ворнер-Медија“, „Дизни“ и други продукциски куќи. Санчез притоа ги истакна главните елементи на планот, според кој шпанските власти планираат да издвојат 1,6 милијарди евра за промовирање на шпанскиот аудиовизуелен сектор. Иницијативата вклучува даночни олеснувања за продуцентите кои ја избираат земјата за своите проекти, како и издавање специјални визи за да се олесни доаѓањето на филмските професионалци во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски