„Самсунг“ ја презема „ЛупПеј“ за мобилно плаќање

Од:

Јужнокорејската компанија „Самсунг“ официјално потврди дека ја презема американската компанија „ЛупПеј“ за мобилно плаќање.

Причина за ваквото преземање е се поголемата популарност на конкурентската „Епл Пеј“, што веднаш по претставувањето привлече голем број корисници во САД.

„ЛупПеј“ има систем што обичните ПОС уреди, какви што веќе има на околу 90 проценти од продажните места, ги претвара во терминали што го поддржуваат нивниот систем за плаќање.

Лидерот на овој проект во „Самсунг“ Инјонг Ре, изјави дека компанијата во иднина во јавноста ќе претстави планови околу новата услуга за мобилно плаќање. Ре истакна дека новите смартфони од Галакси линијата ќе го поддржуваат овој систем, без да објави повеќе информации за датумот на претставување.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска