Романтично-еротските острови на јужна Италија

Од:

Стромболи и Филикуди – два прекрасни острова од Еолскиот Архипелаг на Сицилија, од дамнешни времиња се сметаат за „атоли на плодноста“. За нив се вели дека имаат магични еротско-романтични сили, кои во последно време сѐ повеќе ги привлекуваат младите и вљубени туристи.

Околните жители велат дека островите се претвориле во главна светска атракција за оние кои се во потрага по уникатна секс-авантура. Тоа, наводно, поради мистични способности на островчињата за подигање на либидото и за полесно зачнување…

Природните базени со топла вода, пејзажите и интригирачките пештери лесно може да Ве инспирираат на романса и милувања, велат локалните жители. За Стромболи клучна улога, се чини има тамошниот вулкан – еден од најактивните во светот, кој исфрла чад во воздухот на секои 15 минути. Иако на прв поглед звучи како нешто страшно, на самото место чувството е сосема поинакво – еротско.

– Ова е многу сензуално место – остров на оган и страст. Може да ги почувствувате постојаните вибрации во вас, секој пат кога таму горе ќе се случи експлозија – тогаш се буди и вулканот во вашето тело. Тоа создава моќна сексуална привлечност, вели Марија Пуглиси, трговец со вино.

Мирисот на воздухот е посебна приказна. Причината за тоа е необичното растение кое цвета само ноќе – cestrum nocturnum, а неговата арома има силно афродизијачко дејство.

Една од повпечатливите легенди е и онаа за Пештерата на вљубените на Филикуди.

– Таа вели дека ако маж и жена влезат во неа заедно, неизбежно ќе подлегнат на страста и ќе излезат како тројца – со штотуку зачнато бебе, вели Нино Терано, угостител.

Би можело да ве интересира

Отворањето на „Супер Марио“ паркот во Јапонија повторно одложено

Ана Ололовска

Најдобрите мали градови за живеење во светот

Ана Ололовска

Село во Велс се продава за милион фунти

Ана Ололовска

Најдобри градови за работа од дома за 2021 година

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Саудиска Арабија гради луксузно песочно одморалиште

Ана Ололовска

Иглуто како начин за продолжување на сезоната на тераси во рестораните

Ана Ололовска