Роко Сифреди отвори порнографска академија

Од:

Досега постоеја специјализирани академии за наука, јазици и инженерство, а сега се појави и високобразовна институција за порнографија.

Станува збор за идеја на италијанскиот порно актер Роко Сифреди, кој отвори академија на која студентите учат како да ги искажат и надградат своите таленти во сексот.

На конкурсот за прием на студенти на факултетот „Сифреди Хард Академи“, чиј локација се чува во најстрога тајна, се пријавиле неколку илјади кандидати, од кои по приемниот испит биле примени само 30 – 15 мажи и 15 жени.

Промовирајќи ја својата идеја, Сифреди изјави дека се решил на основање на академијата затоа што смета дека и „природниот талент мора да мине низ обука“.

– Порно индустријата денес е многу покомплекса од порано. Постои еден нов свет на сексот, што треба да се изучува, изјави 51-годишниот Сифреди, додавајќи дека наставата ќе трае по 15 дена и ќе опфаќа серија тестови – од позирање пред камера, па се до дикција при изговор.

Сифреди, кој живее во Будимпешта, денес работи како продуцент на порнографски филмови. Моментно тој снима реално шоу наречено „Каза Сифреди“, кое ќе се емитува на телевизијата Ла5, чиј сопственик е поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицаец јавно се посрамоти, имал секс со љубовницата во службениот автомобил

А1он

Железничката компанија ги моли патниците да престанат да гледаат порно додека се во воз

Истражувања: Германците имале подобар секс во време на пандемијата

Ана Ололовска

Веганите имаат двојно повеќе секс од месојадите

Ана Ололовска

В. Британија: Раст на продажбата на машки секс-кукли

Ана Ололовска

Бакнувањето и сексот како лек

Ана Ололовска