Родниот град на Карл Маркс од Кина ќе добие статуа со неговиот лик

Од:

Германскиот град Триер одлучи да ја прими статуата на Карл Маркс, којашто ќе биде направена во Кина, по повод двестотата годишнина од раѓањето на основачот на комунизмот, јави ДПА.

Градскиот совет со 42 гласа „за“, седум „против“ и седум воздржани, донесе решение да го прими подарокот од Кина. За деталите околу големината на статуата и местото каде што таа ќе биде поставена, ќе има дополнителни разговори со кинеските власти.

Триер е град во западна Германија, и се наоѓа на границата со Луксембург.

Маркс е роден на 5 мај 1818 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вандализиран гробот на Карл Маркс

Осквернавен гробот на Карл Маркс