Ретка црвена панда се роди во Зоолошката градина во Берлин

Од:

Во зоолошка градина во Берлин се роди ретка црвена панда, само неколку месеци откако нејзините родители пристигнале од Индија, соопштија вчера оттаму.

Младенчето е пронајдено на 6 јуни до неговата мајка и сега е големо колку морско прасе. Полот засега не е утврден и тоа сè уште нема име. Ова е 10-та црвена панда што ќе се одгледува во берлинската Зоолошка градина, како дел од меѓународна програма за заштита на загрозените видови.

Младенчето најверојатно ќе биде изнесено пред посетителите во септември.

Родителите на малата панда, мајката Шине (6) и таткото Џоел (5), доаѓаат од Зоолошкиот парк Дарџилинг на Малите Хималаи, и добро се прилагодуваат во новата средина, како што се наведува во соопштението. Природното живеалиште на црвената панда се Источните Хималаи во југозападна Кина.

Би можело да ве интересира

Светски ден за заштита на животните

Ана Ололовска

Мајмун украл телефон и си правел „селфи“

Ана Ололовска

Речиси 140 угинати фоки пронајдени долж брегот на Мексико

Ана Ололовска

Долговечна машка панда од зоолошка градина во Јапонија наполни 38 години

Ана Ололовска

Мала „наезда“ на бебиња на ретки горили во Уганда

Ана Ололовска

Гостите во овој јапонски хостел заспиваат гледајќи во мачки

Ана Ололовска