Главно добро информираните “The Wall Street Journal” пишуваат дека главните производители на Apple-ови производи подготвуваат свои погони за нови iPad мини со екран со висока резолуција (Retina)и дека тој би можел да се појави во продажба веќе оваа година.
“Инсајдерите” веќе знаат дека Apple работи веќе некое време со компаниите LG, Sharp и Samsung на екран за новиот “мини”, за кој некои медиуми сметаат дека ќе биде “Retina”. Се очекува големината на екранот за iPad мини да остане иста но со поголема густина на точките.
Она што е интересно е дека WSJournal сугерира дека Apple првобитно имаше намера да користи екрани само од LG- и Sharp но потоа во комбинација го уфрли и Samsung, бидејќи тоа беше единствениот начин за се да биде подготвено и во доволни количини за промоција во четвртиот квартал во 2013. година.
WSJ исто така најавува дека новиот “мини” исто така ќе има “back cover” во разни бои наместо само двете досегашни црна и бела. Она што е потребно да се истакне е дека Apple за време на развој на производот ќе проба многу идеи и дека повеќето од нив никогаш да не дојдат до крајниот купувач.