Редовното користење на кокаин го зголемува ризикот за заболување од деменција

Од:

Според последните истражувања откриени се врски помеѓу редовното користење на кокаин и можноста за развивање на деменција.

Редовното користење на кокаин овозможува големи количини на железо да се собираат во делови од мозокот, а преголемо ниво на железо води кон смрт на мозочните клетки, што може да води кон деменција.

Истражувањето било спроведено од Универзитетот во Кембриџ и ги следела промените на мозокот на 44 испитаници, кои биле зависни од кокаин и уште 44 кои не користеле кокаин.

Кај корисниците биле забележани зголемени количини на железо во делот од мозокот одговорен за зачувување на свесноста.

Концентрацијата на железо во овој дел од мозокот бил директно зависен од тоа колку време лицето користело кокаин, а истовремено што поголема била количината на железо во мозокот, тоа помала била во остантите делови од делото.

Според Карен Ерше, авторот на истражувањето, редовното користење на кокаин претставува опасност и од разболување и од други болести, бидејќи железото е важен минерал во нашиот организам.

Би можело да ве интересира

Со кражба на идентитет испрале десет милиони евра од кокаин

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Советник во Шуто Оризари од Алијансата за Албанците дел од криминалната група на Шеваљ Муареми

(ВИДЕО) Криминална група вршела убиства и набавувала кокаин од Латинска Америка – Спасовски вели: Ќе се зачудите кој се е вмешан

Александар Тодески

ВИДЕО: На аеродромот ЏФК во Њујорк пронајден куп кокаин меѓу замрзнати ракчиња