„Речиси сум сигурна дека сум Медлин МекКен, подготвена сум да одам на ДНК тест“, тврди Германка

Од:

Тврди дека има докази, од кои некои се пеги на ногата и дамка во окото на истите места како исчезнатото девојче.

Девојка на Инстаграм е убедена дека е Медлин МекКен, тврди дека има докази и бара помош за ДНК тест, пишува Мирор.

Медлин МекКен исчезна во 2007 година од семејниот апартман додека беше на одмор во португалскиот Алгарве. И покрај опсежните полициски претреси, таа се уште се води како исчезната.

Германката, чие корисничко име на Инстаграм е @iammadeleinemcann, вели дека пред неколку месеци почнала да се прашува дали всушност таа е исчезнатото девојче.

– Тоа е нешто што го слушнав од баба ми, рече таа.

Иако има 21 година, таа верува дека нејзината возраст би можела да биде погрешна, бидејќи ако има мала шанса дека Медлин преживеала, таа сега би имала 19 години. Таа тврди дека има докази, од кои некои се пеги на ногата и дамка во окото на истите места како исчезнатото девојче.

Таа е подготвена да докаже дека е Медлин, па бара помош од тие што ја следат на социјалните мрежи, да направи ДНК тест.

– Помогнете ми, треба да разговарам со Кејт и Гери МекКен, мислам дека би можела да бидам Медлин. Ми треба ДНК тест, пишува во описот на нејзиниот Инстаграм профил.

Таа додаде дека полициските истражители од Обединетото Кралство и Полска се обидуваат да ја игнорираат, па својата приказна ќе ја раскаже на социјалните мрежи.

Собрала 194 илјади следбеници, но не е првата личност која на социјалните мрежи тврди дека е всушност исчезнатата девојка.

Би можело да ве интересира

„Светот верува дека ја убив Меди, но не го сторив“: Откриени писма на осомничениот за исчезнувањето на Медлин МекКен

Британската влада одобри екстра пари за да се продолжи истрагата за исчезната Медлин МекКен

Горан Наумовски

Голема потрага по Медлин МекКен, се пребаруваат брана и езеро во Португалија

Ана Ололовска

Обвинението против главниот осомничен за силувањето на Медлин МекКен е отфрлено

Ана Ололовска

ДНК тестовите утврдија: Јулија Вендел не е Медлин МекКен

Горан Наумовски

Девојката која тврди дека е Медлин МекКен во ТВ емисија откри на што се сеќава од детството

Предраг Петровиќ