Разгледувајќи семејни слики, забележала дека бебето има смртоносна болест

Од:

Британка од англиската област Норфолк случајно, на фотографија, забележала знаци на рак кај своето бебе и, тоа може да му го спаси животот.

Стејси Деклерк, гледајќи слики од шестмесечниот син Броуди, забележала неприроден блед сјај во десното негово око. Го објавила тоа на Фејсбук, за да побара објаснение.

– Сѐ укажуваше дека тоа е рак, но јас побарав и други мислења, изјави таа.

Кога видот на детето се влошил, жената го одвела на лекар. Ултразвук и анализите утврдиле дека бебето има тумор на ретината.

Броуди бил испратен во Лондон на хемотерапија. Момчето ги губи веѓите и трепките, но за среќа се намалува туморот. Тоа ќе биде под постојан лекарски надзор сѐ додека не наполни пет години.

Би можело да ве интересира

Нов тип на ХИВ откриен за првпат по 19 години

Татјана Ташкова

Никој не дојде на роденденот на 11 годишно момче, таткото го спаси денот

Татјана Ташкова

Најскапиот лек на светот чини повеќе од два милиони долари

Ана Ололовска

Откриен ген одговорен за појава на аритмија кај човекот

Ана Ололовска

Германска експедиција на Арктикот постави истражувачки камп на ледена санта

Татјана Ташкова

Градче на Сицилија нуди бесплатни куќи за да привлече нови жители

Татјана Ташкова