Растенијата исчезнуваат двојно побрзо од животните

Од:

Би-би-си

Речиси 600 видови растенија исчезнале во дивината во последните 250 години, покажаа нови истражувања.

Овој број не се базира само врз проценки, туку овие растенија навистина не постојат. Бројот на птици, цицачи и водоземци е двојно поголем, затоа што растенијата исчезнуваат.

Научниците велат дека растенијата се изумрени 500 пати побрзо отколку што се очекувало.

Според мајскиот извештај на ОН, се проценува дека милиони животински и растителни видови се пред изумирање.

Истражувачите велат дека нивните анализи се лекции за светот, кој треба да научи од нив како да се запре изумирањето.

Повеќето луѓе можат да наведат цицач или птица која исчезнала во последните неколку века, но малкумина можат да кажат кои растенија веќе ги нема, вели докторката Елис Хамфрејс од Стокхолмскиот универзитет.

– Од оваа студија првпат имаме преглед за тоа кои растенија веќе изумреле, односно колку брзо се случува тоа, додаде таа.

Меѓу растенијата кои веќе не се на нашата планета се и чилеанското сандалово дрво, кое масовно се користело за производство на есенцијални масла.

Најголемата загуба е на островите и во тропските предели, во кои овие растенија најчесто растат.

Што покажало истражувањето?

Научниците од Кралската ботаничка градина Кју и од Универзитетот во Стокхолм заклучиле дека исчезнале 571 видови растенија и оти тоа е двојно повеќе од изумрени птици, цицачи и водоземци (вкупно 217 видови).

Научниците веруваат дека ова не е вистинска слика и оти исчезнале многу повеќе растенија.

Една од позитивните работи е тоа дека некои од растенијата за кои се верувало дека биле исчезнати биле повторно откриени, како што е чилеанскиот шафран.

Зошто е важно изумирањето на растенијата?

Целиот живот на Земјата зависи од растенијата, бидејќи тие ги обезбедуваат кислородот што го дишеме и храната што ја јадеме.

Изумирањето на растенијата може да доведе до изумирање на други организми кои зависат од нив. Примери се некои видови инсекти кои растенијата ги користат за храна или за положување јајца.

Изумирањето на растенијата е лоша вест за сите видови, вели докторката Ејмера Ник Лагада, истражувачка во Кралската ботаничка градина.

– Опстанокот на милиони други видови зависи од растенијата, вклучувајќи ги и луѓето. И сега откако знаеме без кои растенијата останавме, ние мораме повторно да ги засадиме и да ги чуваме, за да ги сочуваме другите организми, објаснува таа.

Кои лекции ги научивме?

Истражувачите велат дека мора многу бргу да се преземат одредени мерки за да се спречи изумирањето на растенијата:

– Регистрирање на видовите растенија во целиот свет

– Обновување на хербариумите што чуваат примероци од растенија

– Поддршка на ботаничарите кои се занимаваат со истражувања

– Да се научат децата да ги препознаваат растенијата што растат во нивната околина

Доктор Роб Салгуеро Гомез од Оксфорд, кој не работеше на оваа студија, рече дека прво треба да сфатиме како, каде и зошто губењето на растенијата е важно, и тоа не само за екологистите туку и за целото човечко општество.

– Ние директно зависиме од растенијата што ги употребуваме во исхраната, за заштита од сонце и градежни материјали, а индиректно за создавање кислород и подобрување на менталното здравје, бидејќи општо е познато дека престојот во природа ги релаксира луѓето, вели тој.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска