Расте бројот на склучени, но и разведени бракови во Македонија

Од:

Бројот на склучени бракови во Македонија бележи пораст, но зголемување има и кај бројот на разведени бракови, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според ДЗС бројот на склучени бракови во 2017 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 4.4 отсто и изнесува 13.781 склучен брак.

Најмногу бракови, 1.771 или 12.9 отсто, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 764 или 5.5 отсто.

Според статистиката, најчесто во прв брак стапиле 93.1 отсто жените, а 91.4 отсто мажите. Во втор брак и во трет брак почесто стапуваат мажите.

Жените најчесто застанувале пред матичар на возраст од 20 до 24 години, а мажите пак од 25 до 29 години.

Според припадноста кон етничката заедница на соприжниците, најмногу бракови се бележат кај македонската заедница – 7.291, потоа на албанската – 4.878, на турската – 489, на ромската – 463, на српската – 110, на бошњачката – 108, а најмалку кај влашката каде има само девет брака.

Бројот на разводите минатата година, според ДЗС, бележи зголемување од 0.5 отсто во споредба со претходната година и изнесува 1.994 разведени бракови.

Најмалку бракови во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу во декември.

Според возраста на сопругата и на сопругот, најголем број разводи се случиле во старосната група од 30 до 34 години.

Според припадноста кон етничката заедница на соприжниците, најмногу разводи се бележат кај македонската заедница -1.132, потоа на албанската – 455, на ромската – 195, на турската -39, на српската – 33, на бошњачката – 23, а најмалку кај влашката каде има само еден развод.

Што се однесува пак до бројот на сопругите кои го земаат презимето на мажот во машки род е се почесто но, како што велат од Управата за водење матични книги, не го надминува традиционалното женско презиме што завршува на –ска.

Би можело да ве интересира

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он

МВР: Уапсен е командир кој пукал со оружје на свадба

(ВИДЕО) Свадба во авион-невестата направи венчаница во тоалетот

Предраг Петровиќ

Невеста од Србија претепана на сопствената свадба: Имам исекотини и целата сум со модринки

А1он