Расте бројот на режисерки во Холивуд

Од:

Бројот на жените режисери на холивудски продукции, е зголемен до рекордно високо ниво за 2019 година, објавија западните медиуми. Од 100-те филма со најголема заработка лани, 12 се режирани од претставнички на понежниот пол, меѓу кои и Лулу Ван („Збогување”), Лорејн Скафарија („Измамничките од Волстрит“), Мелина Мацукас („Квин и Слим”), Грета Гервиг („Мали жени”) и други.

Жените зад камерата, инаку, денес се рекордни 10,6 отсто – над двапати повеќе отколку во 2018 година (4,5 отсто). Досегашниот највисок процент – 8 отсто, беше актуелен 2008 година. Покрај тоа, два од десетте најпопуларни филмови за 2019 година – цртаниот „Снежното кралство 2″ и „Капетанката Марвел”, имале помошнички режисерки, соодветно – Џенифер Ли и Ана Боуден.

Вкупниот број на дамите режисерки, сценаристки, продуцентки, монтажерки и операторки на 100-те најпрофитабилни филмови за 2019 година е 20 отсто – четири проценти повеќе отколку во 2018, посочи истражување на Центарот за следење на жените во телевизијата и кинематографијата при Универзитетот на Сан Диего.

Од фимовите на „Јуниверзал пикчрс”, 26 отсто од проектите за лани се режирани од жени. Бројот на платформата Нетфликс исто така е висок – 20 отсто од нивните филмови се дело на режисерки.

На другиот крај е „Парамаунт пикчрс” – последниве пет години студиото не снимило филм режиран од жена.

Соодносот меѓу половите во Холивуд, е четири спрема еден во корист на мажите.

Дамите филмаџики, сепак, одново се вон конкуренција за претстојната сезона на награди. За „Златните глобуси”, кои ќе се одржат в недела, нема номинирана жена режисер. Ниеден од десетте филма, номинирани во категориите за драма и мјузикл или комедија, не е режиран од жена.

Во очекување на номинациите за „Оскар”, според западните медиуми, досега само една жена ја добила најпрестижната статуетка за најдобар режисер – Кетрин Бигалоу за „Шкафче на болката”, а воедно и најдобар филм за 2008 година.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска