Пуканките одлични за срцето и за справување со опасните болести

Од:

Пуканките освен што се добра занимација во кино, тие се одлични и за крвните садови, варење на храната и превенција од рак.

– Многумина не знаат дека пуканките се житарки со полно зрно кои го намалуваат ризикот од срцев удар и рак, а само 30 грама од нив се исто толку добри како и дневна порција од интегрален ориз и интегрални тестенини, вели Кетрин Колинс, нутриционист во лондонската болница „Сент Џорџ“.

Пуканките содржат и трипати повеќе влакна отколку истото количество сончогледови семки, поради што не се чувствува глад. Освен тоа, го регулираат и нивото на шеќерот во крвта, го намалуваат лошиот холестерол ЛДЛ, а содржат и доза на витамин Б.

Истражувањето покажува дека вистинската здравствена придобивка од пуканките се крие во „изненадувачки големото“ количество на антиоксидантот полифенол кој ги уништува слободните радикали – штетни хемикали кои предизвикуваат болести како рак и срцеви проблеми.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска