Демо-снимката од песната „Starman“ на Дејвид Боуви, беше продадена на аукција во куќата Омега окшнс за 50.000 фунти. Се верува дека ова е првата снимка од евергринот на Боуви, соопштија од британската аукцика куќа.
– Постојат многу митови околу творештвото на Боуви, а овој сиров материјал покажува како изгледал креативниот процес на еден гениј, изјави Ден Хемпсон, помошник мменаџер во Омега окшнс.
На лентата чијашто почетна цена за наддавањето беше 10.000 фунти, има и снимки од „Moonaged Daydream” и „Hang Onto Yourself”.