„Протеза за мозок“ која го враќа сеќавањето

Од:

Што би можело да се случи доколку науката ни овозможи да го вратиме сеќавањето? Еден невролог тврди дека се наоѓа токму на тој пат.

Теодор Бергер од Универзитетот во Јужна Калифорнија развива протеза за враќање на сеќавањето, на тој начин што ги менува невроните во хипокампусот. Бергер истакнува дека неговиот апарат функционира на глувци и мајмуни, но се уште не е тестиран врз луѓето.

Хипокампусот, структура која се наоѓа длабоко во мозокот, ги претвора краткорочните сеќавања во долгорочни. Епилепсијата и другите невролошки заболувања можат да го оштетат хипокампусот и да спречат лицето да добие нови сеќавања.

Бергер и неговите колеги можат да ги заменат деловите од оштетениот хипокампус, па дури и да го подобрат целосно здравиот дел од мозокот.

Мал чип со електроди се всадува во хипокампусот и ги снима сигналите кои претставуваат краткорочно сеќавање. Тој потоа се испраќа во компјутер, кој математички ги трансформира во долгорочно сеќавање и ги враќа назад во мозокот.

Целта на апаратот не е идентификување на некои сеќавања, туку подобро разбирање на процесот на претворање на краткорочните во долгорочни спомени.

За тестирање на протезата за меморија, истражувачите вбризгувале лек кој ја подобрува природаната меморија и тестирале како животните реагираат на експериментот.

Утврдено е дека покажувале подобри резултати. Меѓутоа, по вградувањето на имплантот, задачите успешно ги извршувале, дури и ако не го добивале лекот.

Бергер и неговиот тим се надеваат дека протезата ќе ги подобри или конзервира човековите сеќавања. Сепак, етичноста за вградување ваков имплант и понатаму е под знак прашалник.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

Орце Костов

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он