Пролетен Веро Вино фест во Скопје

Од:

Вториот фестивал на виното ќе се одржи од 8 до 12 мај под отворено небо пред Веро центарот. Посетителите ќе имаат можност на едно место да се запознаат со  вкусовите на домашните вина, да дегустираат и уживаат во овој петдневен фестивал посветен на виното, храната и музиката.

– Минатата година овој фестивал иако го доживеа своето деби, се покажа како вистински погодок бидејќи побуди голем интерес. Успеавме на едно место да собереме 10 домашни производители на вина, а за уживањето да биде комплетно поканивме четири различни производители на сирења и сувомесни призводи. Очекуваме и оваа година заедно со сите љубители на доброто вино да бидеме дел од овој фестивал на уживањето, изјави генералниот директор на Веро, Костас Теодосијадис.

Посетителите ќе имаат можност да ги дегустираат вкусовите на сите домашни винарници, а ќе настапат Нокаут,  Тони Китановски и Черкези, Фолтин, Чалгии,  Аир Стрингс, Пеперминт… На 12 мај ексклузивно ќе настапи новосадската акустична сензација – Фрајле!

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Ковачевски од Кавадарци: Македонското вино го издигнавме на 13 место во светот, расте и девизниот прилив

Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри

Предраг Петровиќ

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор