Прогласена најдобрата фотографија од дивината за годинава

Од:

Британскиот природонаучен музеј годинава му ја додели првата награда за фотографија од дивиот свет, на рускиот фотограф Сергеј Горшков. Ова, според многумина, е еден од најпрестижните натпревари за фотографија посветени на животинскиот свет.

Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон го објави победникот на овогодишниот натпревар Наградената фотографија е насловена „Прегратка“ и покажува миг кога тигрицата „прегрнува“ едно дрво за да ја обележи својата територија.

Сликата од сибирска тигрица е направена во Националниот парк „Земја на леопардите“ во руското Приморје на крајниот исток.

Фотографијата од загрозеното животно како ужива во мирот во денешнинава, изгледа „охрабрувачки“, прокоментираа организаторите на натпреварот од Британскиот природонаучен музеј. На настанот беа продадени 49.000 фотографии.

Финката Лина Хаикинен пак, го доби признанието најдобра млада фотографка на дивината, за нејзината слика од лисица која се крие, за некој од нејзиното семејство да не ѝ го земе пленот.

Би можело да ве интересира

Со фото-изложба на Манчевски почнува 6. фестивал „Книжевни ѕвезди“

Ана Ололовска

Визуелната моќност во уличните фотографии на Манчевски на увид од утре

Ана Ололовска

ГАЛЕРИЈА: Најдоброто од првиот Куп на македонска фотографија

Жарко Настоски

Фотографијата „Минхен“ победи на студентскиот онлајн-натпревар за Денот на Европа

Ана Ололовска

Промовирана книгата „Дванасет македонски фотограф(к)и“

Ана Ололовска

Промовирана фотомонографија „Црвениот виор на Тоде Ивановски“ од авторот Данка Јанковска

Ана Ололовска