Професор во Словенија на матурската вечер шмркал кокаин во тоалет

Од:

Професор од љубљанската гимназија Бежиград е фатен како шмрка кокаин во тоалетот на матурска вечер, јавуваат словенечките медиуми.

Покрај тоа што шмркал кокаин, професорот наводно бил и многу пијан, непримерно им се обраќал на матурантите, се тетеравел, а во еден момент, според очевидци, дури и паднал.

Аленка Будихна, директорката на гимназијата Бежиград, потврди дека се свесни за обвинувањата и дека обвинувањата се вистинити. Професорот повеќе не работи во гимназијата.

„Во петокот имавме матурска, а потоа во понеделникот почнав да ги добивам овие информации. Веднаш го повикав вработениот на разговор, му ја објаснив ситуацијата и веќе во вторник престана да работи“, изјави директорката.

Инцидентот не се случил на официјалниот дел од матурската вечер, туку нешто подоцна, на афтер забавата на која се присутни само студенти.

Од училиштето велат дека професорот работел со нив од октомври минатата година и не покажувал никакво недолично однесување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент трае со часови во Птуј: Вооружен маж пука од балкон

Горан Наумовски

Драма во Словенија: Тренер изгуби свест на натпревар, лекарите се бореа за неговиот живот

Расте нивото на реките во Словенија: се стравува од поплави и одрони, дел од граѓаните се евакуирани

Затруените македонски војници во Словенија се во добра состојба

Катерина Ѓуровски

Македонски војници затруени со јаглерод моноксид во Словенија, двајца во болница

Катерина Ѓуровски

Стравични вести од Словенија: Штетата од поплавите е неколку милијарди евра, Украина испрати помош