Автомобилот што Џејмс Бонд во 1977 година го возеше во филмот „The Spy Who Loved Me“, достигна вредност од 550.000 фунти или 650.000 евра на аукција во Лондон.
На крајот возилото „The Lotus Esprit“ беше продадено на еден наддавач по телефон.
Автомобилот е направен за сцената во која Бонд, толкуван од Роџер Мур, се извлекува од бомбардирањето на хеликоптер што летал над него, а потоа се фрла со автомобилот во водата. На седиштето до него во сцената се наоѓаше и фасцинантната Барбара Бах.
„Многу сме среќни дека автомобилот ја достигна оваа цена“, вели Питер Хејнс од RM Auctions Europe, кој ја организирал аукцијата.