Новата верзија на Гугл оперативниот систем за мобилни уреди Андроид ќе се вика КитКет, објави компанијата.
Очигледно станува збор за соработка на американскиот интернет гигант со швајцарската компанија Нестле, производител на познатиот бренд КитКет чоколади.
Според Џон Лагерлинг од Гугл компанијата сакала да направи нешто интересно и неочекувано, додека неговиот колега Марк Ванлереберге од маркетинг одделот истака дека КитКет е омилено чоколадо на многумина од неговиот тим.
Истовремено со претставувањето на Андроид КитКет ќе биде означен и почеток на наградна игра во која со купување специјално дизјанирани чоколади КитКет ќе бидат доделени 1.000 таблет уреди Гугл Нексус 7.