Принцот Карл Филип ја објави првата фотографија од својот трет син

Од:

Шведската принцеза Софија и принцот Карл Филип ја објавија првата фотографија од нивниот новороден син, неколку часа по објавувањето на неговото име.

Семејството ја објави фотографијата на Инстаграм. Се работи за нивниот трет син, шведскиот принц Јулијан Херберт Фолке, војводата на Халанд. Бебето е родено во петокот, 26 март, во болница близу Стокхолм. Двојката претходно ги имаше принцот Александар, роден во април 2016 година и принцот Габриел – во август следната година.

Новородениот син е седми во редот престолонаследници, за шведската круна и, осми внук на кралот Карл Шеснаесетти Густаф и кралицата Силвија.

Карл Филип (41) е единствениот син, а второ дете на шведскиот крал. Неговата постара сестра, принцезата Викторија, е исто така, наследничка на шведската круна и е петта во редот на престолонаследниците. Викторија има две деца – принцот Оскар, петти во редот и принцезата Естел, деветта во редот престолонаследници.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност