Принцот Хари поради љубов ја прекрши кралската традиција

Од:

Британскиот принц Хари неодамна ја побара за жена својата девојка, американската актерка Меган Маркл, со што ја прекрши повеќедецениската кралска традиција, објавија лондонските медиуми.

Имено, според традицијата во британското кралско семејство, веридба е можна дури по две години љубовна врска.

Меѓутоа, како што наведуваат медиумите, 32-годишниот Хари решил да го прекрши правилото и „пред време“ да ја запроси 36-годишната Меган поради две причини – големата љубов кон неа, но и желбата неговиот дедо, принцот Филип и него да го види пред олтарот.

Хари ја „побара раката“ на Меган за време на нивниот неодамнешен одмор во африканската држава Боцвана, но наместо прстен, актераката доби нараквица.

Вереничкиот прстен, вреден 100.000 фунти, изработен од накитот на мајката на Хари, покојната принцеза Дајана, Меган ќе го добие „нешто подоцна“, откако веридбата официјално ќе ја одобри кралицата Елизабета.

Според неофицијални изввори, се очекува веридбата официјално да биде објавена во текот на септември, бидејќи идните младенци веќе добиле благослов од кралицата.

Би можело да ве интересира

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

Меган и Хари сакаат ново презиме за нивните деца

А1он

Меган Маркл подготвува голем проект

На принцот Хари му е одземена титулата на Неговото кралско височество

(ВИДЕО) Се огласи постарата жена со која принцот Хари ја загуби невиноста: „Траеше пет минути“

Предраг Петровиќ

Англиското издание на книгата на принцот Хари продадено во над 1,4 милиони примероци

А1он