Принцот Хари и Меган Маркл ја добија ќерката Лилибет Дајана

Од:

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го добија второто дете.

Новиот член на семејството е малата Лилибет Дајана Маунтбатон-Виндзор.

Двојката денеска објави соопштение за пристигнувањето на нивната ќерка, која е родена во петокот во Санта Барбара, Калифорнија. И новороденчето и мајката се чувствуваат добро и веќе се во својот дом.

„Лили го носи името на нејзината прабаба, нејзиното височество кралицата, чиј семеен прекар е Лилибет“, се вели во соопштението. „Нејзиното средно име, Дајана, е избрано во чест на својата сакана покојна баба, принцезата од Велс“.

Принцот Хари и Меган Меркл веќе се родители на малиот Арчи, кој пред еден месец наполни две години.

Би можело да ве интересира

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

Меган и Хари сакаат ново презиме за нивните деца

А1он

Меган и Хари отворија нова веб-страница

На принцот Хари му е одземена титулата на Неговото кралско височество

Page Six: Војводата и војвотката од Сасекс моментално се разделени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска