Презентации и награди по повод 18. роденден на Википедија

Од:

Со презентации и доделување награди, признанија и благодарници денеска во кафе бар „Концепт 37“ во Скопје ќе биде одбележан 18. роденден на Википедија.

Најавени се презентации на темите „Основите на Википедија“ и „Достигнувања, бројки и факти за Википедија на македонски јазик – минато, сегашност, иднина“. Ќе бидат доделени награди за победниците на фотографскиот натпревар „Вики ја сака храната 2018“ и на уредувачкиот натпревар на Википедија на македонски јазик на тема „Острови“. Признанија и благодарници ќе добијат членови на заедницата и доброволци кои оствариле значаен придонес и помогнаале за проширување и подобрување на проекти кои се спроведуваат на Википедија.

Слободната интернет енциклопедија Википедија е основана на 15 јануари 2001 година. Преку неа слободно се споделува и пристапува до најразновидни содржини на знаење, податоци и информации на повеќе од 280 јазици. Дел од содржините од август 2003 година е и Википедија на македонски јазик, која пак минатата година ја заврши со 98.000 статии.

Би можело да ве интересира

Руски суд ја казни Википедија со 88 илјади долари поради „ширење дезинформации“

А1он

Википедија – диносаурусот на некомерцијалниот интернет, одбележува 20-годишнина

Ана Ололовска

Википедија ќе добие нов дизајн

Ана Ололовска

Турскиот Уставен суд одлучи во корист на Википедија

Татјана Ташкова

Македонско-бугарска интернет војна на „Википедија“ за Гоце, Даме и Сандански

Мери Јордановска

Основачот на Википедија повикува на бојкот на социјалните мрежи

Ана Ололовска