Премиера на „Истерувачи на духови: Животот потоа“

Од:

Прикажувањата на новиот филм „Истерувачи на духови: Животот потоа“ (Ghostbusters: Afterlife), ширум светот почнуваат денеска. Се работи за најновото продолжение на филмовите од 1984. и 89 година, со Ден Ајкројд, Бил Мареј и Сигурни Вивер во главните улоги. Првиот беше светски хит, со најголема заработка до сега.

„Некои можеби се сеќаваат на ’Истерувачи на духови‘ од 2016 година, но тоа всушност беше преработка неповрзана со оригиналите од 1980-тите и како таква не беше прифатена од публиката и критичарите како официјално продолжение на култните ’Истерувачи на духови‘,“ се забележува во соопштението.

Новиот филм ја имаше светската премиера на овогодишниот „Комик кон“ (Comic Con) во Њујорк, каде што филмската екипа беше поздравена со аплауз од многубројните обожаватели. Приказната следи самохрана мајка со две деца кои, откако ќе пристигнат во мал град, почнуваат да ја откриваат нивната поврзаност со оригиналните исерувачи и тајната оставина на нивниот дедо. Сценариото го напишаа Џејсон Рајтман и Гил Кенан.

Иван Рајтман, режисерот на првите два филма, овојпат е во улога на продуцент, а режисер е неговиот син Џејсон Рајтман.

Во една од главните улоги е и Пол Рад, инаку неодамна прогласен за најсекси маж на годината од страна на магазинот „Пипл“. Во другите улоги се Фин Волфхард, Кери Кун и младата Мекена Грејс како Фиби – внука на ликот д-р Егон Шпенглер.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска