Прекрасна мигрантка стана супермодел на годината

Од:

Модната индустријата го избра супермоделот на годината, а на таа позиција се најде прекрасната 19-годишна Суданка Адут Акех.

Листата беше објавена од страна на влијателниот моден портал models.com, а нивните читатели ја дадоа оваа ласкава титула на моделот Џиџи Хадид, која модните дизајнери и водечките луѓе во индустријата лани ја прогласија за супермодел. Веднаш до неа, на второто место, се најде нејзината сестра Бела.

Адут е родена во Судан, раното детство го поминала во бегалски камп во Кенија, а во Австралија се преселила со своето семејство кога имала седум години.

Нејзината модна кариера започна кога имала само 16 години. Таа на модни ревии носеше креации на многу познати модни куќи и дизајнери како Сен Лорен, Валентино, Живанши, Кензо, Прада.

Овој месец, прекрасната Суданка беше на насловната на британското и австралиското издание на магазинот „Бог“, а американското издание ја ангажираше за моден едиторијал.

Веста за прогласување на супермодел на годината Адут ја затекна откако на „Инстаграм“ отворено призна дека се борела со депресија и анксиозност.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска