Познатиот режисер Мајкл Мур ја промовира Македонија како туристичка дестинација, во отсуство на други места за патување на Американците

Од:

Познатиот американски политички активист, режисер, коментатор и писател Мајкл Мур, познат по своите отворени и критички погледи на глобализацијата, големите корпорации и насилството предизвикано од огненото оружје, објави статус на својот „Фејсбук“ профил, промовирајќи ја земјава како една од само осумте можни дестинации за патување на Американците.

Тој во својот статус со револт зборува за американскиот народ, велејќи дека 60 отсто од народот нема ниту пасош, ниту пак некогаш ја напуштиле државата, па оттаму не можат ниту да ги сфатат последиците од оваа криза, со која „се справуваат еден идиот и еден социопат“.

На крајот од својот статус, Мур дури и им препорачува на Американците каде да се сместат, ако одлучат да дојдат во земјава, објавувајќи фотографии од Старата скопска чаршија.

„Планирате патување за празниците? Знаете дека остатокот од светот не смести во приватен затвор, така? Дека ни е забрането да патуваме и да влеземе во било која држава на планетата. Само осум држави дозволуваат влез со американски пасош, без никакви рестрикции (карантин, тестирање, виза). Ова се осумте нации каде како Американци можете слободно да патувате, без прашања или лекарска белешка:

Северна Македонија
Косово
Тунис
Турција
Доминиканска Република
Мексико
Малдиви
Србија
(има уште 23 држави кои би не пуптиле, но со ограничувања и карантини)

Нас не сметаат како голем ризик по здравјето врз остатокот на светот, тие повеќе би сакале да откажат посети од американски деловни луѓе, банкари, туристи, студенти, научници, директори на Волмарт, филмски продуценти, продавачи на Кока-Кола. Сите ние сме закана (но, тоа не е ништо ново).

Тие биле сведоци на нашиот неуспех сериозно да ја третираме оваа пандемија. Тие ја набљудувале нашата индиферентност, додека сме дозволиле 165.000 наши луѓе непотребно да умрат (165.000 мртви е еквивалент на педесет и пет 9/11, инцидент што нè натера да полудиме од гнев, барајќи проклет одговор!).

Остатокот од светот е вознемирен што во оваа криза нè водат идиот и социопат. За светот ние сме чума. Ние сме опасни. Ние сме болни. Тие ја заклучија портата, го повлекоа катанецот, ја треснаа вратата. Повеќето од нас немаат идеја дека светот нè стави во домашен притвор. Тоа е затоа што огромното мнозинство од нас никогаш не ги напушта САД во текот на животот. Речиси 60 проценти од нас немаат пасош. Имаме мал интерес за остатокот од планетата – и тоа е во ред со нив. Тие попрво би останале дома, извикувајќи го нашето национално мото („НИЕ СМЕ БРОЈ 1!“), и да го славиме нашето од Бога дадено право да не мора да носиме маски.

(Не заборавајте да го посетите Скопје, главниот град на Северна Македонија – на сликите подолу!)

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски