Познатиот лекар Мозли измисли диета – за три недели се губат 10 килограми

Од:

Познатиот лекар Мајкл Мозли, автор на многу книги за исхрана, осмисли диета БРЗО-800 и гарантира дека со неа за три недели се губат до 10 килограми.

Познатиот лекар посочува дека диетата не е со гладување, а се намалуваат од пет до десет килограми.

Овој режим на исхрана го нарече БРЗО-800, а стана планетарен хит пред се поради ефикасноста, но и фактот дека лесно може да се примени.
Како што кажува и самото име на диетата, таа се базира на внесување на само 800 калории на ден, но е многу битно кои намирници ќе се внесуваат во организмот.

-Придржувајте се на планот и за три недели ќе забележите драстична разлика. Освен калориското ограничување, потребно е да се придржувате и на уште неколку правила. Видот на намирниците кои ги бирате е исклително важно, вели Мозли.

Прва работа на која треба да се обрне внимание е внесот на течности, потребно е да се зголеми затоа што доволен внес помага чувството на ситост да се задржи подолго.

Во рамките на оваа диета се препорачуваат оброци со ниска содржина или воопшто да не нема шеќери, а повеќе маснотии, протеини и влакна.

Добрите масти се пријател на диетата, бирајте маслиново масло, ореви, лешници, бадеми, мрсна риба и умерена количина на млечни прозиводи.

Мозли препорачува сите намирници, односно овие 800 калории да се внесат во рок од осум часа во текот на денот, односно да се практикува методата на повремен пост.

Пример за мени

Доручек: Две јајца со печурки на скара и салата од спанаќ
Ручек: Зачинет грав со тост од интегрално брашно
Вечер: Пилешко на скара.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов