Познатиот босански актер Зијах Соколовиќ примен во болница

Од:

Босанскиот актер Зијах Соколовиќ, познат и за публиката ширум просторите на поранешна Југославија, е примен во болница во Бања Лука, изјавила денеска директорката на Детскиот театар во градот, Љиљана Лабовиќ.

Таа во изјава за агенцијата Срна додала дека тој е хоспитализиран поради срцеви тегоби, а поради тоа не можел да присуствува на премиерата на претстава што ја режирал во театарот.

70-годишниот актер, кој во ноември беше во болница поради инфекција со коронавирусот, во изјава за „Дневни аваз“ рекол дека се чувствува добро.

„Се надевам дека се ќе биде добро. Денеска бев примен, а претходно бев повеќепати во болница. Утре ќе имам интервенција. Лекарите се крај мене, не можам повеќе да зборувам,“ изјавил Соколовиќ во телефонски разговор со новинарите.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина